Асистент за контрола на сметки на добавувачи

Македонија
Финасии

Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти. Доколку си во потрага на нов кариерен предизвик, ова е вистинската можност за тебе.

 

Асистент за контрола на сметки на добавувачи

Регион: Скопје, Реплек

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование во области како што се економија, финансии, сметководство, бизнис и менаџмент или сродни области;
  • Добри аналитички, организациски и интерперсонални вештини;
  • Точност и прецизност во работата и континуирано надградување на знаењето и вештините;
  • Способност за тимска работа во динамична работна средина и под одредени временски ограничувања;      
  • Работа со Microsoft Office, SAP;
  • Напредно ниво на англиски јазик, со одлични писмени и усмени комуникациски вештини.

 

Работни обврски:

  • Прием, контрола и евиденција на влезна документација;
  • Книжење на сите книговодствени промени кои се резултат на влезни документи (влезни фактури од добавувачи, форми за правдање на трошоци од вработени);
  • Усогласува аналитичка евиденција;
  • Подготовка на извештаи за состојба на долг кон добавувачи;
  • Следи плаќања кон добавувачи и затварање/сложување на картички со добавувачи;
  • Блиска соработка со Специјалистот за даноци и Специјалистот за финансиско сметководство во делот за правилна сметководствена евиденција на влезни документи и правилен даночен третман на истите;
  • Познавање и примена на важечка законска регулатива од наведените области.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;
  • Велигденски и додаток за школување на деца;
  • Подарок за роденден;
  • Годишен бонус врз основа на постигнати компаниски таргети;
  • Приватно здраствено осигурување.

 

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘Аплицирај/Пријави се’’ најдоцна до 02.03.2026 година.

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

https://replek.mk/
FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност