Асистент за контрола на сметки на добавувачи
Македонија
Финасии
Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти. Доколку си во потрага на нов кариерен предизвик, ова е вистинската можност за тебе.
Асистент за контрола на сметки на добавувачи
Регион: Скопје, Реплек
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование во области како што се економија, финансии, сметководство, бизнис и менаџмент или сродни области;
- Добри аналитички, организациски и интерперсонални вештини;
- Точност и прецизност во работата и континуирано надградување на знаењето и вештините;
- Способност за тимска работа во динамична работна средина и под одредени временски ограничувања;
- Работа со Microsoft Office, SAP;
- Напредно ниво на англиски јазик, со одлични писмени и усмени комуникациски вештини.
Работни обврски:
- Прием, контрола и евиденција на влезна документација;
- Книжење на сите книговодствени промени кои се резултат на влезни документи (влезни фактури од добавувачи, форми за правдање на трошоци од вработени);
- Усогласува аналитичка евиденција;
- Подготовка на извештаи за состојба на долг кон добавувачи;
- Следи плаќања кон добавувачи и затварање/сложување на картички со добавувачи;
- Блиска соработка со Специјалистот за даноци и Специјалистот за финансиско сметководство во делот за правилна сметководствена евиденција на влезни документи и правилен даночен третман на истите;
- Познавање и примена на важечка законска регулатива од наведените области.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Велигденски и додаток за школување на деца;
- Подарок за роденден;
- Годишен бонус врз основа на постигнати компаниски таргети;
- Приватно здраствено осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘Аплицирај/Пријави се’’ најдоцна до 02.03.2026 година.
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.
Пријави се