Регионален менаџер за продажба за CIS регион
Македонија
Продажба и маркетинг
Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Ако си подготвен/а да прифатиш нов предизвик и имаш интерес во областа на глобална стратегија и позиционирање, оваа можност е за тебе!
Регионален менаџер за продажба за CIS регион, оддел Глобална стратегија и позиционирање
Реон: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование;
- Работно искуство во продажба;
- Активно користење на англиски јазик (познавање на руски или друг странски јазик е предност);
- Активно користење на MS Office (excel, power point, word);
- Одлични комуникациски и аналитички способности;
- Желба за постојана надоградба.
Работни обврски:
- Подготвува понуди за цени на производите од Реплек кон странски партнери;
- Истражува потенцијални нови земји, нови пазари, можности за регистрација, начин на соработка;
- Истражува потенцијални нови партнери, проверка на нивната позиција на пазарот и интерес за соработка со друштвото;
- Го координира и синхронизира работењето помеѓу секторите со цел навремено извршување на планираните задачи и запазување на роковите за нивно извршување;
- Подготвува комерцијални понуди за потенцијални нови партнери и воспоставува директен контакт со цел евалуација на можностите за воспоставување на деловни релации;
- Врши редовна комуникација со сите партнери со кои има соработка.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Приватно здравствено осигурување;
- Приватно пензиско осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Аплицирај/Пријави се’’ најдоцна до 28.04.2025 година.
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.
Пријави се