Оператор
Македонија
Производство
Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
ОПЕРАТОР ВО ОДДЕЛ ПРОИЗВОДСТВО
Регион: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование;
- Подготвеност за работа во смени;
- Желба за постојана надоградба.
Работни обврски:
- Врши подготвување и подесување на машините за таблетирање според работните инструкции и производствените спецификации;
- Врши мерење и статусирање на готов меѓупроизвод со мерна и идентификациона етикета;
- Го следи процесот и врши меѓупроцесни контроли во текот на производството, ракување со аналитички инструменти (вага, тестер за цврстина на таблета, шублер);
- Води документација за мерењата и резултатите согласно GMP регулативите;
- Ги чисти и дезинфицира машините по завршување на производствениот циклус;
- Пријавува дефекти и неправилности до одговорното лице;
- Пополнува потребна документација поврзана со процесот на таблетирање;
- Почитува стандардни оперативни процедури (SOP), безбедносни протоколи и регулативи за работа во фармацевтско производство;
- Одржува хигиена на работната околина.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Приватно здравствено осигурување;
- Приватно пензиско осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘Аплицирај/Пријави се’’ најдоцна до 17.02.2025 година.
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.
Пријави се