Аналитичар

Македонија
Контрола на квалитет

 

Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Ако си подготвен/а да прифатиш нов предизвик оваа можност е за тебе! 

АНАЛИТИЧАР ВО ОДДЕЛ КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование - Фармацевтски факултет;
  • Предност при изборот ќе имаат кандидатите со искуство;
  • Подготвеност за работа во две смени;
  • Аналитичност, организираност и ориентираност кон резултати;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Желба за постојана надоградба.

Работни обврски:

  • Учество во активностите на секторот околу контрола на квалитет на секоја влезна серија суровина/амбалажа/меѓумаса/меѓупроизвод/финален производ, следење на стабилност на индустриски серии, до издавање и соодветна дистрибуција на сертификати за квалитет;
  • Користи инструментална опрема/апарати за контрола на квалитет на физичко-хемиските особини на производите во согласност со барањата на спецификациите за квалитет изработени по последно важечки изданија на светските фармакопеи;
  • Учество во активности поврзани со изработка на мастер верзии на спецификации за квалитет и сертификати од анализа за производите;
  • Подготвува процедури за ракување со апаратурна техника, стандрди, форми и обрасци за контрола на квалитет;
  • Редовно имплементира практики од EU GMP норми, ISO стандарди, ICH водичи и др;
  • Учество во правилна примена и функционирање на системот за управување со квалитет и животна средина и грижа за чиста и здрава животна средина;
  • Учество во изработка на аналитичкиот дел од регистрациската документација со цел регистрација, пуштање во промет на први серии по регистрација, пријава на варијација, трансфер на технологија, обнова на регистрација;
  • Одговорност во однос на точноста, исправноста на секој аналитички резултат по основ на направено тестирање и транспарентност и тимска соработка во работењето.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран оброк;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Приватно пензиско осигурување.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полетo "Апликацирај/Пријави се’’, најдоцна до 24.01.2025 година.

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

 

 

 

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

https://replek.mk/
FledgeHR © 2025
Cookie consent Политика за приватност