Специјалист за корпоративни комуникации

Македонија
Корпоративен

 

Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Ако си подготвен/а да прифатиш нов предизвик и имаш интерес во областа на комуникациите, оваа можност е за тебе! 

Специјалист за корпоративни комуникации
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (завршена академија или друго надоградување во областа на дигитален маркетинг ќе се смета за предност);
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Искуство во управување со социјални медиуми и дигитални платформи;
  • Креативност, организираност и способност за поставување приоритети;
  • Одлични комуникациски, аналитички способности и ориентираност кон детали;
  • Познавање на англиски јазик (пишување и говорење на напредно ниво);
  • Активно користење на MS Office;
  • Желба за постојана надоградба.

    Работни обврски:

  • Развивање и имплементирање на корпоративни комуникациски стратегии;
  • Креирање на ефикасни и креативни пораки, соопштенија и известувања до вработените преку  корпоративниот маил;
  • Креирање и уредување на содржини за корпоративниот весник, социјалните мрежи и други комуникациски платформи;
  • Планирање и организирање настани, PR активности во согласност со корпоративната стратегија;
  • Соработка со други оддели и засегнати страни за генерирање идеи за содржини, во согласност со стратегијата на компанијата и во поддршка на различни бренд иницијативи;
  • Воспоставување и одржување на релации со новинари, медиуми и маркетинг агенции;
  • Детално познавање и следење на политиките, принципите и стратегиите на компанијата;
  • Мониторинг и анализа на пазарни трендови и спроведување на истражувања поврзани со комуникации.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за Луѓе посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран  оброк;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Приватно пензиско осигурување.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето "Аплицирај/Пријави се’’.

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

https://replek.mk/
FledgeHR © 2024
Cookie consent Политика за приватност