Комерцијалист за позиционирање на странски пазари

Македонија
Продажба

Комерцијалист за позиционирање во оддел Странски пазари
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование;
  • Работно искуство во продажба;
  • Активно користење на англиски јазик (познавање на друг странски јазик е предност);
  • Активно користење на MS Office (excel, power point, word);
  • Одлични комуникациски и аналитички способности;
  • Желба за постојана надоградба.

    Работни обврски:

  • Подготвува понуди за цени на производите од Реплек  кон странски партнери;
  • Истражува потенцијални нови земји, нови пазари, можности за регистрација, начин на соработка;
  • Истражува потенцијални нови партнери, проверка на нивната позиција на пазарот и интерес за соработка со друштвото;
  • Го координира и синхронизира работењето помеѓу секторите со цел навремено извршување на планираните задачи и запазување на роковите за нивно извршување;
  • Подготвува комерцијални понуди за  потенцијални нови партнери и воспоставува директен контакт со цел евалуација на можностите за воспоставување на деловни релации;
  • Врши редовна комуникација со сите партнери со кои има соработка.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Приватно пензиско осигурување.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Аплицирај/Пријави се’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

https://replek.mk/
FledgeHR © 2024
Cookie consent Политика за приватност