Координатор
Македонија
Производство
Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
КООРДИНАТОР ВО ОДДЕЛ ПРОИЗВОДСТВО
Регион: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование во области како што се фармација, хемија, биотехнологија, природни, технолошки науки или сродни области.
- Минимум работно искуство од 1 до 3 години во областа.
- Добри аналитички, организациски и интерперсонални вештини.
- Точност и прецизност во работата и континуирано надградување на знаењето и вештините.
- Способност за тимска работа во динамична работна средина и под одредени временски ограничувања.
- Работа со Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
- Течен пишан и говорен македонски и англиски јазик.
Работни обврски:
- Пишува планови за сменски активности и распоред за смени и отсуства за операторите, како и барања за анализа до оддел Контрола на квалитет;
- Подготвува етикети за балк пакување и транспортна кутија за дадена серија;
- Редовно комуницира со сменоводителите за обврските и активностите во погон, а доставува извештај за реализација по секоја смена;
- Ги обучува операторите, врши контрола на нивната работа и на тековните процеси, како и In process контроли на тековните процеси;
- Одговорен е за документацијата (затворање налози, префрлање на готов производ во карантин, пишување девијации, внесување обуки);
- Комуницира со оддел Инженеринг за секоја потребна интервенција на просторот или опремата во производниот погон;
- Ги организира и координира сите активности врзани со вклучување и имплементација на GMP нормите како и на ISO стандардите на ниво на групата.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Приватно здравствено осигурување;
- Приватно пензиско осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘Аплицирај/Пријави се’’ најдоцна до 28.12.2025 година.
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.
Пријави се