Медицинско комерцијален претставник
Македонија
Продажба и маркетинг
Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Ако си подготвен/а да прифатиш нов предизвик оваа можност е за тебе!
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
МЕДИЦИНСКО КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК
Сектор: Продажба и маркетинг (2 извршители)
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на фармација, медицина, стоматологија);
- Одлични аналитички, комуникациски и преговарачки вештини;
- Способност за самостојна и тимска работа;
- Високо ниво на организираност, проактивност и ориентација кон резултати;
- Одлично познавање на MS Office и англиски јазик.
Работни обврски:
- Редовно информирање и изучување на медицинските и комерцијалните карактеристики на производите на Друштвото;
- Следење на пристапите и производите на конкуренцијата на пазарот;
- Квалитетно стручно и комерцијално позиционирање на производите кај лекари и аптеки (фармацевти) на својот терен според претходно одобрен промо грид;
- Организирање и учество во промоции, презентации, конгреси, симпозиуми и други маркетинг активности;
- Сегментација и разбирање на таргетирани групи на клиенти и посети спрема претходно одобрен маркетинг план од ФФМ;
- Менаџирање на промоции, едукации, побарувања од клиентите;
- Следење на побарувачката во аптеките и активностите на конкуренцијата;
- Спроведување на истражувања преку разговори со лекари и фармацевти за добивање точна перцепција за пазарот, потенцијалот на производите и работата на конкуренцијата;
- Продажба преку комерцијални акции во аптеките;
- Одговорност за реализација на продажните планови (месечни, квартални, годишни);
- Континуирано следење на продажбите и изработка на анализи и планови за продажба по производи за аптеките;
- Воспоставување и одржување квалитетни релации со здравствените работници;
- Одговарање за квалитетно позиционирање на постоечките и новите производи;
- Изработка на неделни планови и извештаи за работата на терен и доставување до претпоставениот.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Новогодишен, Велигденски и додаток за школување на деца;
- Подарок за роденден;
- Годишен бонус врз основа на постигнати компаниски таргети;
- Приватно здраствено осигурување;
- Приватно пензиско осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија најдоцна до 20.08.2025 година преку полето ‘‘Апликацирај/Пријави се’’.
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.
Пријави се