Раководител на оддел Регулаторни активности

Македонија
Стратегиски развој

 

Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

 

Ако си подготвен/а да прифатиш нов предизвик, оваа можност е за тебе! 

 

Раководител на оддел Регулаторни активности

Сектор: Стратегиски развој
Реон: Скопје​

За работно место

Раководител на оддел Регулаторни активности обезбедува целосно управување (end-to-end) со процесите на регистрација на нови производи, управување со животниот циклус на производите, како и за поддршка на индустриски проекти и B2B соработка со што придонесува во постигнување на деловните цели на локално и глобално ниво. 

 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома од областа на Фармација (Специјалистички студии по Фармацевтска регулатива, Здраствен менаџмент или Фармакоекономија, се предност);
  • Минимум 5 години искуство во регулаторни активности, од кои 3 во раководна улога;
  • Длабоко разбирање на регулаторните барања и законодавства (EU, EU/EA, MHRA, FDA, и др.);
  • Одлично познавање на англиски јазик, MS Office, ERP системи;
  • Креирање на акциони планови и управување со нивната имплементација;
  • Управување со време, ресурси, делегирање и поставување на приоритети;
  • Вештини за анализа на комплексни предизвици, проценка на ризици, идентификување на можности и способност за носење одлуки;
  • Способност за управување со промени;
  • Иновативно размислување, дигитална трансформација и воведување на нови технологии за подобрување на ефикасноста;
  • Способност за јасна и ефективна комуникација и презентација, преговарање и градење на партнерства за соработка;
  • Вештини за поттикнување на соработка, мотивирање и развој на тим;
  • Способност за градење и одржување на позитивна организациска култура;
  • Ориентираност кон детали, аналитичност, точност и прецизност.

 

Работни обврски:

  • Развивање и имплементирање на стратегија за регулаторно усогласување на производите на компанијата, вклучувајќи лекови, додатоци во исхрана и медицински средства;
  • Обезбедување на соработка со релевантни национални и меѓународни регулаторни тела за навремено добивање на сите потребни дозволи и одобренија;
  • Раководење на процесите за регистрација на нови производи, варијации како и обновување на лиценци за постојните производи, следење на целокупната документација и усогласеност со важечките закони и прописи;
  • Одржување на редовна комуникација со други оддели, како што се одделот за Развој и истражување, одделот за Производство, оддел Контрола на квалитет, оддел Маркетинг и Бизнис и развој со цел да се осигура усогласеност во сите фази на производствениот процес;
  • Следење на промените во законодавството и регулативите на глобално ниво и нивна примена во работењето на компанијата;
  • Обезбедување на поддршка за клинички испитувања и изготвување на потребните регулаторни документи за пазарно лансирање на нови производи;
  • Претставување на компанијата во релевантни регулаторни форуми и здруженија, со цел размена на знаења и информации од областа на регулаторната политика;
  • Управува со буџетот на оделот, врши контрола на трошоци и оптимизација на ресурсите за максимална ефикасност;
  • Ги применува стратегиите за задржување и развој на таленти, поттикнување на култура на високи перформанси и корпоративно однесување;
  • Организира едукација на колегите поврзани со регулаторните правила и правилата за фарковигиланца;
  • Учествува во дефинирање на краткорочни и долгорочни цели на одделот во согласност со компаниските цели,  ги следи индикаторите за успешност (KPIs) и перформансите на вработените;

 

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;
  • Новогодишен, Велигденски и додаток за школување на деца;
  • Подарок за роденден;
  • Годишен бонус врз основа на постигнати компаниски таргети;
  • Приватно здраствено осигурување;
  • Приватно пензиско осигурување.

 

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија најдоцна до 16.06.2025 година преку полето ‘‘Апликацирај/Пријави се’’.

 

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

 

 

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Покажи повеќе...
https://replek.mk/
FledgeHR © 2025
Cookie consent Политика за приватност