Бренд Менаџер
Македонија
Продажба и маркетинг
Ние во Реплек, силно веруваме дека нашиот корпоративен успех доаѓа од луѓето. Нашиот тим е двигателот на нашите успеси, а секој вработен игра клучна улога во остварувањето на нашата визија. Со присуство во над 25 земји и портфолио од над 150 производи, ние ја прошируваме нашата мисија на глобално ниво, благодарение на посветеноста и талентот на нашите вработени. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Ако си подготвен/а да прифатиш нов предизвик и имаш интерес во областа на маркетинг, оваа можност е за тебе!
Бренд менаџер за OTC производи (RX и суплементи)
Сектор: Продажба и маркетинг
Реон: Скопје
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на фармација, медицина, стоматологија);
- Минимум 3 до 5 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
- Одлични аналитички, комуникациски и преговарачки вештини;
- Способност за самостојна и тимска работа;
- Високо ниво на организираност, проактивност и ориентација кон резултати;
- Одлично познавање на MS Office и англиски јазик.
Работни обврски:
- Истражување на пазарот, креирање и имплементација на соодветни маркетинг стратегии за стручна (RX и OTC) и широка јавност (OTC) која опфаќа научни податоци, маркетинг материјали и активности за промоција;
- Сегментација на пазарот и идентификација на таргет групи;
- Изучување на терапевтската област со детална анализа на медицинските и комерцијалните карактеристики на производите на Друштвото и на конкуренцијата;
- Дизајнирање на кампањи кои ги истакнуваат придобивките и уникатноста на производите;
- Преговарање и соработка со KOL за зголемување на уделот на пазарот;
- Развивање и управување со промотивни маркетинг материјали според правилата и потребите за работа со соодветни целни групи на пазарот;
- Следење на здравствените водичи, потребите на пазарот и следење на активностите и работата на конкуренцијата;
- Дефинирање на финансиски приоритети и следење на трошоците за маркетинг активности;
- Оптимизирање на буџетот за максимална ефикасност;
- Квалитетно стручно и комерцијално позиционирање на постоечките и новововедените производи кај лекари и аптеки;
- Организирање и учество во промоции, презентации, конгреси, симпозиуми и други настани за промоција на производите;
- Воспоставување и одржување на долгорочни квалитетни релации со клучни здравствени работници;
- Комуникација со различни сектори за обезбедување на усогласеност на маркетинг активностите;
- Поддржување на тимска работа со медицинско комерцијалните соработници , ФФМ и КАМ;
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
- Новогодишен, Велигденски и додаток за школување на деца;
- Подарок за роденден;
- Годишен бонус врз основа на постигнати компаниски таргети;
- Приватно здраствено осигурување;
- · Приватно пензиско осигурување.
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија најдоцна до 23.05.2025 година преку полето ‘‘Апликацирај/Пријави се’’.
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Пријави се