Дополнување база на кандидати

Македонија
Фармација

Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето? Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените?

Доколку сакате да се Реализирате и сакате да сте дел од генерација РЕ проследете ја следнава информација:

Реплек врши надополнување на базата на потенцијални кандидати согласно потребите од следните образовни профили:

  • Магистри по фармација – ВСС
  • Хемиски инженери – ВСС 
  • Технолошки инженери – ВСС
  • Доктори по општа медицина – ВСС
  • Доктори по стоматологија – ВСС
  • Електротехнички инженери – ВСС
  • Фармацевтски техничари – ССС                       
  • Хемиски техничари – ССС 
  • Електротехничари – ССС  
  • Машински техничари – ССС

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукацијa;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Дополнителни награди и придобивки врз основа на постигнати компаниски таргети.

Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати во Вашата порака наведете ја областа за која сте заинтересирани, а доколку се јави потреба ние ќе Ве контактираме за работно место кое е содветно на Вашите квалификации. Ве замолуваме да ја доставите Вашата апликација преку копчето “Пријави се”.

Реплек е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност. 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

https://replek.mk/
FledgeHR © 2024
Cookie consent Политика за приватност