Практикантска работа
Македонија
Фармација
Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето? Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените?
ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО
Реплек, во рамки на Програмата за практиканство, објавува Повик за пријавување за летна практична обука со можност за вработување.
Програмата вклучува од еден до три месеци практикантска работа, учење од професионалци – експерти во областа, учење на процесите и вклучување во секојдневните активности во работењето.
Услови за аплицирање
Оддел |
Образовен профил |
Развој и истражување |
Завршни студии на Фармацевтски факултет/Технолошко-металуршки факултет (студиска програма Биотехнологија, Инженерство на материјали и нанотехнологии, Полимерни материјали); |
Контрола на квалитет |
Завршни студии на Фармацевтски факултет (Магистер по фармација; Лабораториски биоинженер); Завршни студии на Природно-математичкиот факултет - Институт за хемија (студиска група за применета хемија; применета хемија - аналитичка биохемија, студиска програма на Институтот за биологија - биохемиско-физиолошка насока или молекуларна биологија); Средно стручно образование - Фармацевтски техничар во текот на 4та година; |
Производство |
Завршни студии на Фармацевтски факултет (Магистер по фармација); Средно стручно образование (Хемиски лабораториски техничар, Фармацевтски техничар, Техничар за козметички и хемиски производи во текот на 4та година); |
Логистика |
Завршни студии на Фармацевтски факултет/Економски факултет; |
Набавки |
Завршни студии на Фармацевтски факултет (Магистер по фармација); |
Инженеринг |
Машински факултет/ФЕИТ; Средно стручно образование Машински техничар и Електротехничар во текот на 4та година; |
Дигитални услуги |
Завршни студии на Технички факултети; Завршено средно образование/посетувани специјалистички курсеви за компјутерски вештини, познавање на компјутерски хардвер и системски софтвер; |
Сметководство |
Завршни студии на Економски факултет; |
Човечки ресурси Персонална администрација Развој и грижа за вработени |
Завршни студии на Економски факултет/Правен факултет/Филозофски факултет (Психологија/сродно образование од областа на човечки ресурси);
|
БЗР |
Завршни студии на Машински факултет; |
Вие сте нашиот идеален кандидат, доколку:
· Имате афинитет кон фармацијата и да се заинтересирани за стекнување или надградба на своите знаења во наведените области;
· Сте проактивни и посветени, со голема желба и мотивација за учење;
· Имате конструктивен и позитивен став кон доделените задачи.
Нудиме:
· Пријатна и мотивирачка работна средина;
· Обуки, можности за професионален раст и развој;
· Обезбеден топол оброк;
· Надомест за практикантска работа;
· Вашата кратка биографија и мотивациско писмо.
Вашата кратка биографија и мотивациско писмо ги очекуваме преку полето ‘‘Аплицирај/Пријави се’’ со назнака “За пракса” и областа за која аплицирате, најдоцна до 30.04.2025 година. Избраните кандидати ќе бидат вклучени во процесот на селекција, проследен со интервјуа.
Пријави се