Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти. Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

ОПЕРАТОР ВО ОДДЕЛ ПРОИЗВОДСТВО​
Регион: Скопје

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Подготвеност за работа во смени;
  • Желба за постојана надоградба.

Работни обврски:

  • Прием и контрола на суровини, меѓупроизводи, полупроизводи и амбалажа;
  • Просевање и размерување на суровини;
  • Евидентирање на количината на размерените суровини;
  • Враќање на суровините;
  • Одржување хигиена на работната околина.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Приватно пензиско осигурување.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘Аплицирај/Пријави се’’.

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

https://replek.mk/
FledgeHR © 2024
Cookie consent Политика за приватност